Откриено кои се „непобитните докази“ на Манчестер Сити

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Манчестер Сити ќе се правда дека спонзорските договори биле финансирани од владата на Абу Даби, а не од сопствениците на клубот.

Оваа недела пристигна и официјална потврда дека независна комисија го прогласила Манчестер Сити за виновен по сите обвиненија поврзани со прекршување на правилата за Финансиски фер плје во периодот од 2009 до 2018 и „пумпање“ на спонзорските договори за дури 830 милиони фунти.

„Граѓаните“ постојано негираа вина и најавија дека во петок ќе поднесат жалба, порачуваат дека имаат „непобитни докази“.

Медиумите од „островото“ сега откриваат кои се овие „непобитни докази“, и пишуваат дека клубот од „Етихад“ ќе тврди дека клучните спонзорски договори биле финансирани од владата на Абу Даби, а не од сопствениците на клубот.

„Граѓаните“ и пред независната комисија се правдале дека договорите биле финансирани од владата на Абу Даби, но комисијата го отфрлила овој аргумент како „невистинит“, и оценила дека сето ова било конструирани подоцна со цел да се прикрие вистинската природа на финансирањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×