Куртоа воодушевен од еден фудбалер на Барса: Не го добива признанието што го заслужува!

by bojan
1 минути читање
Рафиња

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа вели дека Рафиња е еден од најдобрите фудбалери во моментов, но смета дека ѕвездата на Баарселона не го добива признанието што го заслужува.

Тибо Куртоа седна на интервју со „Онда Серо“, зборуваше за Реал Мадрид и фудбалот, но посебно внимание привлече со пофалбите за Рафиња.

Голманот вели дека Бразилецот во моментов е еден од најдобрите фудбалери, но не го добива признанието што го заслужува.

„Многу го ценам Рафиња, за мене тој е еден од клучните играчи на Барселона. Кога не играше, тимот многу се мачеше, а со него на теренот играат многу подобро. Мислам дека не го добива секогаш признанието што го заслужува, а тој е исклучително важен за својот тим. Постигнува многу голови затоа што едноставно е одличен фудбалер“ – вели Тибо Куртоа.

Бразилецот минатата сезона често се мачеше со повреди, но имаше сосема солидни бројки од 21 погодок и 8 асистенции на 33 натпревари. Тој игра во страшна форма на почетокот од новата сезона и веќе постигна 14 погодоци на 8 натпревари, а додаде и 3 асистенции.

Но и покрај тоа не се најде на листата од 30 кандидати за „Златната топка“, а Тибо Куртоа признава дека е изненаден што напаѓачот е изоставен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×