Ниту еден селектор нема старт како Седлоски, со тројца сме постигнале по еден гол!

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација продолжува со лошата серија. По вчерашниот пораз од Словенија со 2-0 во Лигата на нации, Македонија стигна до шест натпревари во низа без постигнат гол.

Со тоа, селекторот Седлоски стана првиот стратег кој својот мандат на клупата го започнал со шест последователни натпревари на кои националниот тим не успеал да ја затресе противничката мрежа.

Пред него, најблиску до оваа негативна статистика биле Ѓоре Јовановски и Мирсад Јонуз. Јовановски во 2002 година го започна мандатот со шест средби на кои Македонија постигна само еден гол и тоа во ремито против Бахреин 1-1. На чело на репрезентацијата остана 12 натпревари во кои успеа да забележи ниту една победа.

И Мирсад Јонуз имаше само еден погодок во првите шест натпревари како селектор. Македонија првиот гол под негово водство го постигна уште во вториот меч, но тоа беше во поразот од Ирска со 2-1. Јонуз на селекторската функција водеше вкупно 20 натпревари, со седум победи, четири нерешени средби и девет порази.

Неефикасен старт имаше и Љубинко Дурловиќ во 2015 година. Тој на клупата се задржа само пет натпревари, а Македонија во тој период постигна еден гол.

Со Зоран Стратев две години претходно Македонија постигна само еден гол, но тој беше назначен само како привремен селектор и водеше два дуели во кои загубивме од Велс со 1-0 и Србија 5-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×