Бугарија по две кола во Лигата на Нации остана без селектор

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор, откако Александар Димитров поднесе неотповиклива оставка по разочарувачкиот старт во Лигата на нации.

Бугарите од првите два натпревари, и двата одиграни во Пловдив, освоија само еден бод. Најпрво беа изненадени од Луксембург, кој славеше со 2:1, а потоа одиграа без голови против Естонија.

Димитров ја соопшти својата одлука веднаш по вториот натпревар, изразувајќи незадоволство од играта и фактот што неговиот тим не успеал да го спроведе подготвениот план.

„Одигравме многу хаотично. Нашиот план не беше спроведен, а во нападот не успеавме да создадеме притисок. Тоа значи дека ја изгубивме довербата на играчите. Со ваква игра и вакво издание, завршуваме. Му благодарaм на Фудбалскиот сојуз за укажаната можност“, изјави Димитров.

Димитров ја предводеше репрезентацијата на Бугарија на 10 натпревари, на кои забележа три победи, две ремија и пет порази.

Бугарија сега ја очекуваат две последователни гостувања. Во сабота ќе гостува кај Исланд во Рејкјавик, а три дена подоцна ќе му гостува на Луксембург.

Исланд со победата од 3:0 над Луксембург го презеде првото место во групата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×