Рој Кин: Играчите на Манчестер Сити треба да ги фрлат медалите во канда!

by bojan
1 минути читање
Манчестер Сити

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин жестоко реагираше по одлуката на Премиерлигата со која Манчестер Сити беше прогласен за виновен за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј.

Откако во петокот беше објавена бомба и веста дека Манчестер Сити е прогласен за виновен за 114 од 115 обвиненија за прекршување на правилата за ФФП, вчера официјално се огласи и Премерлигата.

Независна комисија утврдила дека „граѓаните“ се виновни за надување на комерцијалните приоди на клубот за дури 830 милиони фунти во периодот од 2009 до 2018.

Односно спонзорите плаќале само мал дел од сумите, додека најголемиот дел од парите доаѓал директно од сопственикот, Абу Даби Јунајтед Груп.

Легендата на Манчестер Јунајтед, Ројк Кин жестоко реагираше и вели дека иако трофеите биле освоени на теренот, ова преставува мамење.

„Ако бев играч, 100 отсто би ги фрлил тие медали во канта. Секако дека би го направил тоа, тоа е мамење!“ – вели Рој Кин. „Да, тие ги освоија на теренот, но само поради тоа што случувало мамење“.

„Знаеја дека ќе повредат многу луѓе, но сепак го направија тоа“.

Во периодот од 2009 до 2018 година, Манчестер Сити освои три титули во Премиер лигата, еден ФА Куп и три трофеи во Лига купот.

Од „Етихад“ ги отфрлаат обвинувањата, остануваат на ставот дека не ги прекршиле правилата и порачаа дека се изненадени од одлуката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×