Седлоски: Потребно е време, ќе дојдат головите, ќе дојдат и победите!

by riste
1 минути читање

Македонскиот селектор, Гоце Седлоски, е оптимист за иднината на репрезентацијата и покрај лошата серија на резултати која ја имаме под негово водство.

Македонија денеска загуби на гостувањето кај Словенија со 2-0. Ова за нас беше десети меч без победа по ред и шести во низа без да дадеме гол.

И покрај лошата серија на резултати, Седлоски размислува оптимистички, тврди дека следуваат подобри денови.

„Денеска моите фудбалери дадоа се од себе, почнавме еден процес на подмладување и нема да застанаме тука. Поразот како пораз боли, но дечките го оставија срцето на терен. Не постигнавме гол, но создадовме шанси, освен тие десет минути во вториот период кои не одигравме најдобро. Тажен сум јас, тажни се и момците, нормално, но сега е Шкотска и немаме многу време за одмор, мораме да се подготвуваме за тој натпревар“, изјави Седлоски.

„На овој натпревар како и на претходниот добивме нови фудбалери, имаме нови млади играчи кои доаѓаат, Гаштаров, Азер, Меличи… ќе создадам добра репрезентација, но потребно ми е време. Резултатите ќе дојдат, победите ќе дојдат, треба трпение“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×