Ривалите веќе кројат планови како да ги разграбаат ѕвездите на Сити, но „граѓаните“ испратија јасна порака

by bojan
1 минути читање

Генералниот извршен директор на Манчестер Сити, Феран Соријано испратил силна порака до колегите и јасно ставил до знаење дека „граѓаните“ немаат намера лесно да ја прифатат одлуката во спорот со Премиерлигата за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј.

Минатата недела пристигна „бомба“ од Англија и информација дека Манчестер Сити е прогласен за виновен по 114 од 115 обвиненија за прекршување на правилата за ФФП.

Со оглед на тоа дека се работи за сериозни престапи, се шпекулира дека санкцијата може да биде и исфрлање од Премиерлигата.

Па ривалите веќе кројат планови како да ги разграбаат ѕвездите на Манчестер Сити како Ерлинг Халанд, Јошко Гвардиол, Ајуб Буади, Елиот Андерсон, Енцо Фернандес и многу други.

Но на состанокот на Европската асоцијација на фудбалски клубови во Копенхаген, генералниот извршен директор, Феран Соријано испратил јасна порака до своите колеги.

Тој ја истакнал решеноста на клубот да се продолжи да се бори против случајот, како и на тоа дека конечната разврска се уште е далеку.

„Осум години ни требаа за да стигнеме тука, и ќе треба уште многу подолго…“ – осврнувајќи се на почетокот на истрагата во 2018 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×