Откриена е платата на Зинедин Зидан на клупата на Франција

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува „Л’Екип“, платата на Зинедин Зидан на клупата на Франција е 300.000 евра бруто месечно, со што стратегот е еден од помалку платените селектори.

Зинедин Зидан долго време ги одбиваше сите понуди и чекаше повик од Франција, кој конечно пристигна кон крајот на минатата година, па популарниот Зизу го наследи Дидје Дешам на кормилото на „триколорите“.

Медиумите сега ја откриваат платата на стратегот, и сумата е изненадувачка.

Примањата на Зинедин Зидан се 3000.000 евра бруто месечно, или околу 3,6 милиони евра на годишно ниво.

За споредба, Карло Анчелоти има плата од 10 милиони евра, Јирген Клоп на клупата на Германија има плата од околу 7 милиони евра годишно, Томас Тухел има околу 6 милиони евра, а Луис Де Ла Фуенте нешто над 5 милиони евра.

Зинедин зидан исто така се откажал од бонусите поврзани со имиџ правата кои се исплаќаат за секој натпревар (околу 44.000 евра).

Намето тоа, тој има значително поголеми бонуси поврзани со големите турнири, особено Светското и Европското првенство, па доколку „триколорите“ имаат успешен настап, приодите на стратегот можат значително да пораснат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×