155
Утре (вторник) Македонија ја очекува нов предизвик во Лигата на нации, ѝ гостуваме на селекцијата на Словенија.
Селекторот Гоце Седлоски за утрешниот меч нема да може да смета на Езгјан Алиоски. Искусниот фудбалер има повреда на листот и остана во Скопје.
Информациите велат дека повредата не е сериозна и се очекува тој да биде подготвен за натпреварот против Шкотска.
Се очекува Седлоски утре да направи поголема ротација во стартниот тим.