Димитриевски очекува низа на квалитетни натпревари на Македонија

by riste
1 минути читање

Македонскиот голман, Столе Димитриевски верува во подобри денови на фудбалската репрезентација почнувајќи од утрешниот меч против Словенија.

Македонија против Швајцарија имаше ужасен меч, но Димитриевски беше на висина на задачата и доколку не беа неговите одбрани, ќе загубевме уште поубедливо.

„Разговаравме меѓу нас во собата за состаноци и тоа останува меѓу нас. Знаеме дека не одигравме добар меч со Швајцарија. Дека цврстината не беше на високо ниво и тоа е веќе минато. Сега натпреварите се за два дена и мора да се подготвиме и да се поддржиме. Мислам дека ќе одговориме максимално на задачата за овој дрес и Македонија“, рече Димитриевски.

Потоа Димитриевски зборуваше за неговиот колега од другата страна Јан Облак, против кого има играно многу натпревари во шпанската Ла Лига.

„Десет години играм против Облак во Ла лига и можам да кажам дека е еден од најдобрите. Се надевам дека ќе ја завршам мојата задача и дека ќе имам чиста мрежа. Се надевам дека ќе одиграме добро и ќе ја дигнеме нашата самодоверба со неколку квалитетни меча“, изјави Димитриевски.

Натпреварот меѓу Словенија и Македонија се игра утре (вторник) со почеток од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×