59
Реал Мадрид конечно доби убави вести кога станува збор за играчкиот кадар. Имено, по шест месеци на тренинг се појави и Бразилецот Родриго.
Родриго во март доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото, поради што мораше да оди и на операција, а го пропушти и Светското првенство.
Покрај Родриго, на тренинзите на Реал се појави и другиот Бразилец, Милитао, кој е многу блиску до враќање на теренот, како и левиот бек Ферлан Менди.
Ова се одлични вести за Реал Мадрид, кој по само седум одиграни кола веќе има шест бода заостанување зад Барселона.