Фудбалската репрезентација на Македонија денеска замина за Словенија каде утре ќе го игра натпреварот против оваа селекција, меч од второто коло во новата сезона од Лигата на нации.
Македонија одигра лоша партија против Швајцарија. Повеќе од една година немаме победа, а веќе пет меча по ред немаме постигнато ниту гол.
Нашите фудбалери против Швајцарија не упатија ниту удар во рамките од голот на противникот, па во Словенија целта е да се подобри впечатокот.
Репрезентативците денеска ќе се сместат во хотелот, ќе одржат тренинг и редовната прес-конференција. Мечот се игра утре (вторник) од 20:45 часот.