Нов „случај Нико Паз“, уште еден фудбалер не сака да се врати во Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Весникот АС пишува за нов „случај Нико Паз“, дефанзивецот Јакобо Рамон не сака да се врати во Реал Мадрид, приоритет му е да игра редовно наместо да дреме на клупа.

„Кралевите“ изминатово лето го продадоа Нико Паз на Комо во зделка вредна околу 60 милиони евра, што беше најголема продажба на клубот од „Бернабеу“.

Првичниот план беше Аргентинецот да се врати и да се обид да се наметне кај Жозе Мурињо, но офанзивниот фудбалер сметаше дека за неговиот прогрес е многу подобро да игра во Комо.

Весникот АС сега пишува за нов „случај Нико Паз“, се работи за Јакобо Рамон, кој исто така настапува во Комо.

Тој се наметна како стандарден првотимец во срцето на одбраната, и со одличните партии привлече голем интерес.

Реал Мадрид сака да го врати во своите редови, но Јакобо Рамон не сака да се врати во престолнината на Шпанија.

Причината е едноставна, приоритет му е редовно да игра, па дури и да треба да го напушти Комо, преферира да се пресели во друг клуб. Тој сака да има важна улога, нешто што нема да го добие на „Бернабеу“, каде веројатно ќе биде четврта опција.

Се шпекулира дека Челси и Арсенал будно ја следат ситуацијата на младиот дефанзивец, но Реал Мадрид ќе го има последниот збор, со оглед на тоа дека постои клаузула со која можат да го купат за 9 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×