Милан Илоски по хет-трикот јасно кажа за која репрезентација сака да игра (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Милан Илоски со одличниот настап во дресот на Филаделфија Унион и хет-трикот против Орландо практично стави точка на шпекулациите околу можноста во иднина да го носи дресот на македонската репрезентација.

Младиот напаѓач по натпреварот за американските медиуми јасно посочи каде ја гледа својата репрезентативна иднина. Илоски не крие дека неговата голема желба е еден ден да стане дел од репрезентацијата на САД.

„Сите знаат дека сум конкурентен и дека секогаш се стремам кон највисокото можно ниво. Во иднина се гледам како дел од репрезентацијата на САД. Ја сакам оваа земја и за мене би било голема чест да ја претставувам“, изјави Илоски.

Илоски сезонава игра во одлична форма и се наоѓа меѓу најдобрите стрелци во МЛС-лигата. На своето конто има 16 погодоци, односно само четири помалку од Лионел Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×