Ужасни сме во нападот: Со Седлоски на клупа сме шутнале во гол пет пати во пет натпревари!

by Стефан
1 минути читање

Македонија вчера загуби од Швајцарија со 3-0 во првиот натпревар од новата сезона во Лигата на Нации, а со ова продолжи и црната низа со Гоце Седлоски во која немаме постигнато гол на пет натпревари во низа.

Со Седлоски на клупата игравме Данска (4-0), Ирска (0-0), Босна (0-0), Турција (4-0) и вчера против Швајцарија, гол-разликата е разочарувачка 11-0.

Колку сме лоши во нападот најдобро покажува и податокот дека сме упатиле само пет удари во рамките од противничкиот гол на овие средби, значи само по еден на натпревар што е премалку и не паметиме кога претходно сме биле во ваква црна серија.

Сепак, не е проблем само нападот затоа што противниците на истите натпревари 34 пати се заканиле кон нашиот гол.

Прилика да ја прекинеме низата ќе имаме веќе за две дена кога ќе играме против Словенија во Љубљана која групата ја почна со реми против Шкотска 0-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×