Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, направи необичен потег во пресрет на натпреварот против Турција во рамките на второто коло од Лигата на нации.
Имено, италијанскиот стручњак по домашниот пораз од Белгија одлучи да остави дури 10 играчи дома, кои нема да патуваат во Турција.
За настап против Турција нема да конкурираат: Хонест Аханор, Николо Барела, Диего Копола, Самуеле Инацио, Еди Куадио, Даниел Малдини, Џанлука Манчини, Масимо Песина, Самуеле Ричи и Мохамед Али Зома.
Да потсетиме, Турција и Италија ќе го одиграат својот натпревар утре од 20:45 часот, а во првото коло и двете репрезентации претрпеа порази.
Турција на домашен терен загуби од Франција, додека Италија беше поразена од Белгија со резултат 2:0.