Аргентина му ја суспендираше возачката на Икарди до 2099 година, објавена е и снимка од прекршокот (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Мауро Икарди повторно се најде во центарот на вниманието поради нешто што не е поврзано со фудбалот.

Сега голгетерот останал без возачак во Аргентина откако на социјалните мрежи се појавила снимка на која тој управува автомобил додека неговата партнерка Евгенија Чина Суарез виси низ прозорецот од возилото.

Фудбалерот, кој неодамна го раскина договорот со Галатасарај, управувал со автомобилот додека Суарез за време на возењето го извадила сигурносниот појас и со поголем дел од телото излегла низ прозорецот.

По објавувањето на снимката, реагирало Министерството за сообраќај на провинцијата Буенос Аирес. Било утврдено дека на Икарди му истекла аргентинската возачка дозвола, поради што му била изречена превентивна суспензија на управувањето со возило до 2099 година.

Надлежните нагласиле дека со ваквото однесување директно била загрозена безбедноста на сите учесници во сообраќајот, но исто така напоменале дека станува збор за превентивна мерка, што значи дека Икарди може повторно да побара возачка дозвола доколку докаже дека е способен за безбедно управување со возило.

Икарди потоа испрати критики до аргентинските власти преку социјалните мрежи.

„Би сакал да знам како можевте да ја прогласите за неважечка мојата италијанска возачка дозвола, која важи до 2029 година. Ми се чини прилично чудно што дури и Министерството за сообраќај се занимава со мојот случај. Подобро би било да ги поправаат патиштата наместо да не прават ништо“, порача тој.

Сепак, според достапните информации, иако Икарди поседува важечка италијанска возачка дозвола, тој бил должен да ја регистрира во Аргентина уште во 2019 година, но тоа досега не го сторил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×