Руни го нападна Шешко: Кога си напаѓач на Манчестер јунајтед, ќе стиснеш заби и ќе играш повреден

by bojan
1 минути читање

Легендата на „ѓаволите“, Вејн Руни смета дека Бенјамин Шешко треба да преземе поголем ризик па и повреден да игра со цел да му помогне на Манчестер јунајтед кога е најпотребно.

Бенјамин Шешко подолго време се мачи со повреда на цеваницата (потколеницата) па го пропушти гостувањето на Манчестер јунајтед кај Фулам пред паузата за настап на репрезентациите, а нема да биде во комбинација ниту за мечевите на Словенија во Лигата на нации, каде и Македонија е дел од противниците.

Останува да се види дали тој ќе биде подготвен за пресметката со Тотнем на 10. октомври, но Вејн Руни смета дека напаѓачот треба да преземе поголем ризик, да стисне заби и да игра со болка.

„Каква повреда има? Цеваницата? Скршена му е? Ако не му е скршена, може да игра“ – вели легендата на „ѓаволите“.

„Се кладам дека носи и некои од оние мали, смешни, глупави костобрани…“

„Видете, кога играш за клуб како Манчестер јунајтед, се бориш за место во тимот, треба да играш како деветка, а пред репрезентативната пауза имаш натпревар што едноставно мора да го добиеш, и те боли цеваницата… а ти не играш. Тука е главниот проблем. Треба да играш дури и кога се поведен, освен ако физички навистина не можеш“.

Тој потоа додаде: „Се сеќавам дека пред натпревари примавме инјекции, лекарот ни ги ставаше во задникот“.

„Имаше пет-шест фудбалери што стоеја во ред, со спуштени шорцеви, а лекарот еден по еден им ставаше инјекции, само за да можат да играат!“

ФОТО: X/Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×