Брегалница со гол на Иван Глигоров во второто полувреме дојде до минимална победа над Скопје од 1-0, тоа беше последниот меч од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Во Штип денеска се играше прволигашки фудбал. Навивачите кои дојдоа на стадионот се израдуваа на триумф на нивниот тим.
По мирното прво полувреме, двете екипи беа поактивни во вториот дел кога беа создадени повеќе шанси, а беше постигнат и единствениот погодок.
Клучниот момент се случи во 72. минута кога по асистенција од Максимов, Глигоров постигна гол за водство на Брегалница од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
По осум одиграни кола Брегалница е на шестото место со 10 освоени бодови, Скопје е последен без победа, но со три бода поради три нерешени средби.