Братот на Игуаин направил скандал со судијка и веднаш доби отказ

by Стефан
1 минути читање

Голем скандал го потресе Колумбус Кру, откако клубот реши да го отпушти помошниот тренер Федерико Игуаин по инцидентот со судијка на натпревар од развојната лига.

Игуаин, братот на поранешниот аргентински репрезентативец Гонзало Игуаин, по завршувањето на натпреварот ја фатил судијката за рака и одбил да ја пушти и покрај тоа што таа трипати му кажала да престане.

Во текот на инцидентот тој ѝ упатил и несоодветен коментар: „Не заборавај дека ова е машки спорт.“

Поради неговото однесување, Игуаин заработил директен црвен картон, а дополнително бил суспендиран од лигата на два натпревари. Сепак, Колумбус Кру проценил дека случајот е доволно сериозен за клубот да ја прекине соработката со него.

„Сметавме дека тоа е во најдобар интерес на клубот, нашите играчи и тренерскиот штаб“, изјави генералниот менаџер на Колумбус Кру, Иса Тал.

На случајот реагираше и здружението на судиите, кое остро го осуди однесувањето на Игуаин. Од таму инцидентот го опишаа како физичко заплашување и сексистичко однесување, а побараа казната за тренерот да биде значително построга, односно суспензија од најмалку шест натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×