Првите коло во Ла Лига донесоа алармантна статистика за Реал Мадрид, не само што „крлевите“ се последни во просечниот број на истрчани километри, ѕвездите на Жозе Мурињо немаат ниту интензитет во своите движења.
Бројот на истрчани километри е една од статистиките кои често се коментираат по крајот на натпреварите, но ова е само половина од приказната.
Втората половина е како се трчало, особено е важно трчањето со висок интензитет (зоната од 19,8 до 25,2 км/ч) и спринт (зоната над 25,2 км/ч).
И првите неколку кола во Ла Лига, како и двата порази ги покажуваат главните слабости на Реал Мадрид, ѕвездите на Жозе Мурињо не само што не трчаат, нема ниту интензитет во нивните движења.
„Кралевите“ просечно поминале 104,3 километри по натпревар, најмалку во шпанското првенство.
Избраниците на „специјалниот“ се последни и според трчањето со висок интензитет, со 4.975,5 метри по натпревар, како и според бројот на активности во оваа зона, 338,5 по натпревар.
Кога се во прашање спринтовите, Реал просечно поминува околу 2.248 метри во спринт, што е 11. најдобар резултат во Ла Лига и практично околу просекот.
За споредба, Барселона просечно поминува 108,6 километри по натпревар, што е само 16-ти резултат во Ла Лига, но кога се гледа интензитетот, сликата е сосема поинаква.
„Каталонците„ се шести според трчањето со висок интензитет, со 5.858,8 метри по натпревар, односно речиси 900 метри повеќе од Реал Мадрид.
Момците на Ханси Флик се трети и според бројот на активности со висок интензитет, 413,4 по натпревар. А кога станува збор за спринтовите, Барселона е убедливо прва во Ла Лига со 132,4 спринта по натпревар.
Високиот интензитет и спринтовите се прават кога се врши притисок кога противникот се обидува да ја изнесе топката, кога се прави трчање во празен простор или се брка загубена топка на противничката половина, и очигледно ѕвездите на Реал Мадрид не сакаат да го одработат овој дел од играта.