Зинедин Зидан ги одржа првите тренинзи како нов селектор на Франција, а како што пренесуваат медиумите, тој имал доста пофалби за Мајкл Олисе, Рајан Шерки и Лука Да Куќа, особено бил импресиониран од фудбалерот на Комо.
Зинедин Зидан со години ги одбиваше сите понуди кои пристигнуваа на негова адреса и чекаше повик од „триколорите“, кој конечно дојде оваа година.
Па сите со нетрпение чекаат да видат како ќе функционира репрезентацијата на Франција под водство на Зизу.
Тој најави промени, и првите тренинзи ги потврдиле неговите зборови, како што пренесува „Л’Екип, формацијата 4-2-3-1 која ја користеше Дидје Дешам е минато, а Зинедин Зидан веќе работи со 4-3-3.
Идејата е Килијан Мбапе повторно да биде поставен на левата крилна позиција, додека пак Осман Дембеле да ја преземе позицијата на централен напаѓач, улога која ја има и во ПСЖ под водство на Луис Енрике.
Медиумите исто така пишуваат дека Зинедин Зидан на тренинзите бил многу поактивен во комуникацијата со играчите отколку што можеби се очекувало, и стратегот често делел пофалби на тројца играч: Мајкл Олисе, Рајан Шерки и Лука Да Куња.
Тој особено бил импресиониран од играта на Да Куња, фудбалерот на Комо го привлекол вниманието на Зизу со својата визија и начинот на кој ја чита играта.
ФОТО: X/Equipe de France