Најбогатиот фудбалер во светот вреден над 18 милијарди евра остана без клуб

by Стефан
1 минути читање

Фаик Болки моментално е без клуб, откако му истече договорот со Рачабури, член на највисокиот ранг на тајландскиот фудбал.

Болки, кој со години важи за најбогатиот фудбалер во светот, има 28 години, а последните години кариерата ја гради далеку од најголемите европски лиги. Тој е капитен на репрезентацијата на Брунеи, за која има шест настапи, а интересно е што своите први фудбалски чекори ги направи во Англија.

Во младинската кариера тренира во академиите на АФК Њубери, Саутемптон, Челси и Лестер Сити. Како професионалец настапуваше за португалскиот Маритимо, како и за тајландските клубови Чонбури и Рачабури.

Сега повторно ќе мора да бара нова средина. Фаик Болки е роден на 9 мај 1998 година во Лос Анџелес, а е син на принцот Џефри Болки и внук на султанот на Брунеи.

Токму поради своето потекло, со години го привлекува вниманието на јавноста, а неговото богатство во одредени медиуми се проценува на дури 18,7 милијарди евра.

Болки има брунејско и американско државјанство, додека најголемиот дел од школувањето го завршил во Велика Британија. Има сестра близначка Киана, како и голем број полубраќа и полусестри од страната на неговиот татко.

Иако семејното богатство му ги отворило вратите кон живот каков што повеќето луѓе можат само да го замислат, Болки реши да се обиде да изгради сопствена фудбалска кариера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×