Во најсилното првенство на Уругвај се случи пресврт каков што ретко се гледа на фудбалските терени, фаворитот Насионал беше поред пораз од Дефенсор, но во само неколку минути во финишот од негатива од 0-2 дојде до пресврт од 3-2.
Не е редок случај да се прокоцка предност од 2:0. Но, навистина е тешко да се поверува дека некој тим би загубил кога во 89. минута води со два гола предност. Токму во таква ситуација беше Дефенсор Спортинг во седмото коло од уругвајското првенство. На гостувањето кај еден од најтрофејните клубови, Насионал, водеше со 2:0, а потоа, во 89. минута, започна неверојатниот пресврт.
Максимилијано Гомес реализираше пенал и му донесе надеж на домаќинот. Истиот играч во втората минута од судиското продолжение го израмни резултатот, по прилично среќен развој на ситуацијата, за потоа во четвртата минута од продолжението искусниот Франсиско Калво да донесе голема радост.
CINE SEÑORES. https://t.co/UCcWe9K98z
— Out of context Nacional (@oocNacional) September 20, 2026