53
Битолчани се новите лидери во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), ова коло тие го победија Охрид со 1-0, важен триумф обезбеди и Работнички кој славеше со истиот резултат на гостински терен кај Македонија Ѓорче Петров.
Со гол на Стојанов во 40. минута, Пелистер го совлада Охрид со 1-0. Погодокот за Работнички во Ѓорче Петров го постигна Андреј Кудијан.
На ниту еден натпревар денеска во Втората лига немаше постигнато два или повеќе голови.
Победи обезбедија уште Новаци на гостувањето кај Кожуф со 1-0, како и Камјани со Детонит исто така од 1-0.
Немаше голови на мечевите Тетекс – Осогово и Горно Лисиче – Беласица.