Брентфорд го посрамоти Челси (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Челси доживеа тежок пораз на гостувањето кај Брентфорд, тимот на Чаби Алонсо загуби со 3-0 и го доживеа вториот пораз во петтиот натпревар од Премиер лигата оваа сезона.

Челси важеше за фаворит во овој дуел и покрај тоа што Брентфорд солидно ја почна сезоната и уште нема пораз.

Мрежите мируваа еден час, а потоа Ентони постигна гол за водство на Брентфорд од 1-0.

Челси се обидуваше да изедначи, но Тијаго во 83. минута зголеми на 2-0 за домаќините.

За поразот да биде уште поболен се погрижи Карваљо кој даде гол во 94. минута за конечни 3-0 за Брентфорд.

Челси на последните три натпревари има два порази и едно реми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×