Меси со глава за јубилејниот 100. гол и четврта титула во Интер Мајами (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Лео Меси продолжува да испишува историја, Аргентинецот утрово го предводеше Интер Мајами до триумф од 2-0 над Круз Азул и трофеј во Купот на шампиони.

Кога Лео Меси е во својот препознатлив елемент, се е полесно, тоа го почувствува и Кили Гонзалез, кој имаше деби од соништата на клупата на Интер Мајами и стигна до трофеј во својот прв натпревар.

Утрово, во Купот на шампиони, натпревар помеѓу прваците на МЛС и мексиканската лига, Интер Мајами со 2-0 го совлада Круз Азул, а главен на теренот беше токму Лео Меси.

Аргентинецот во 24. минута погоди со глава, неговата „послаба“ страна во играта, и стигна до јубилејниот 100. гол во дресот на Интер Мајами.

На десетина минути пред крајот, напаѓачот запиша и асистенција, нафрли од корнер, а Касемиро реализираше за 2-0 и славје.

За Лео Меси ова беше четвртиот трофеј во дресот на Интер Мајами и неверојатен 48-ми во кариерата, со што продолжува да го држи рекордот за најмногу клупски и репрезентативни трофеи.

ФОТО: X/Inter Miami CF

Можно е и ова да ти се допаѓа

×