Македонскиот тренер Ѓорѓи Мојсов со бод го започна својот мандат на клупата на српскиот прволигаш Земун. Откако вчера беше официјално промовиран за нов тренер, денеска го предводеше тимот на натпреварот против Радник Сурдулица, кој заврши без победник 1-1.
Мојсов на клупата го наследи Милан Куљиќ, а пред него е исклучително тешка задача, да го спаси Земун од испаѓање и да обезбеди опстанок во најсилното српско натпреварување.
Земун со Мојсов на клупата конечно стави крај на серијата од седум порази по ред. Против Радник тимот одигра 1-1 и го освои првиот бод по долго време.
Домаќинот имаше предност од 29. минута, кога Лазиќ си постигна автогол и му донесе водство на Земун. Сепак, предноста не беше доволна за победа. На дваесетина минути до крајот Новаковиќ погоди за израмнување и го постави конечниот резултат.
По девет одиграни кола, Земун останува на последното место на табелата со само два освоени бода. Мојсов го очекува сериозна работа, но дебито со прекин на црната серија сигурно донесоа подобра атмосфера.