„Црвените“ следното лето би можеле да го соборат сопствениот трансфер рекорд, но и рекордот на Премиерлигата, со ангажман на Рајан од Борнмут во зделка вредна околу 130 милиони фунти (околу 150 милиони евра).
Ливерпул ова лето плати околу 123 милиони фунти (околу 143 милиони евра) за ангажман на Бредли Баркола, но Французинот многу подобро се снаоѓа како лево крило, па „црвените“ ќе мора повторно да го одврзат ќесето за да најдат поприродна замена за Мо Салах.
На листата со желби е Рајан од Борнмут, кој му е добро познат на Андони Ираола, двајцата соработуваа на „Виталити“.
Следното лето, во договорот на Бразилецот се активира откупна клаузула која е поставена на 130 милиони фунти.
Па доколку Ливерпул се реши да ја плати оваа сума, тогаш тоа ќе биде нов трансфер рекорд, како за клубот од Енфилд, така и за Премиерлигата.
Останува да се види дали „црвените“ ќе бркнат толку длабоко во џебот, но досега во неколку наврати покажаа дека не се плашат од големи инвестиции кога станува збор за играчи кои силно ги посакуваат.
Тоа го потврдија со трансферите на Александер Исак, Флоријан Вирц и Бредли Баркола.
ФОТО: X/Liverpool FC