Реал со 4-1 го совлада Рајо, но повторно доби свирежи од публиката на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

„Кралевите“ стигнаа до комфорна победа од 4-1 над Рајо Ваљекано, но повторно добија свирежи од сопствените навивачи откако се опуштија во второто полувреме, момците на Жозе Мурињо ќе треба да прикажат повеќе за да ги задоволат високите стандарди на публиката на „Бернабеу“.

Реал Мадрид по поразот од Бетис врза две победи, го совлада Интер во Лигата на шампиони, и вечерва триумфираше над Рајо Ваљекано во Ла Лига.

„Кралевите“ беа убедливи во првото полувреме, поведоа со голот на Мбапе од пенал, Карерас зголеми на 2-0, а Белингем реализираше за високи 3-0 по 35 минути игра.

Но во продолжението, сликата беше сосема поинаква, Камељо намали на 3-1, а момците на Мурињо се мачеа да излезат од својата половина. Малку фалеше Рајо да постигне и втор гол, па стигнаа свирежите од публиката на „Бернабеу“.

Арда Ѓуер влезе во игра на место на Јан Диоманде, Турчинот малку ги размрда работите, па во финишот од мечот Килијан Мбапе со својот втор гол ги постави конечните 4-1 и малку ја подобри сликата во второто полувреме.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×