Еден од најпознатите новинари на реномираниот француски весник „Л’Екип“, Винсент Дулук, го состави својот идеален тим на Лигата на шампионите на сите времиња.
Неговиот избор привлече големо внимание, пред сè поради фактот што во тимот нема место за Кристијано Роналдо, најдобриот стрелец во историјата на ова натпреварување. Уште поинтересно е што Дулук не се одлучи за ниту еден француски фудбалер.
Изборот опфаќа повеќе од седум децении фудбалска историја, од првото издание на Купот на европските шампиони во 1955 година, па сè до модерната ера на Лигата на шампионите. Како што се наведува во текстот се обидел да направи баланс меѓу легендите од ерата пред 1992 година и фудбалерите кои ја одбележаа Лигата на шампионите по промената на форматот.
- Голман: Реј Клеменс (Ливерпул)
- Десен бек: Дани Карвахал (Реал Мадрид)
- Централен бек: Франц Бекенбауер (Баерн Минхен)
- Централен бек: Франко Барези (Милан)
- Лев бек: Паоло Малдини (Милан)
- Среден ред: Лука Модриќ (Реал Мадрид)
- Среден ред: Андрес Иниеста (Барселона)
- Лево крило: Лионел Меси (Барселона)
- Плејмејкер: Јохан Кројф (Ајакс)
- Десно крило: Џорџ Бест (Манчестер јунајтед)
- Напаѓач: Алфредо Ди Стефано (Реал Мадрид)
Инаку, новата сезона во најсилното клупско фудбалско натпреварување во светот започнува утре, а во центарот на вниманието ќе биде дуелот меѓу Реал Мадрид и Интер, кој ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.
