Санчо добива понуда, и тоа од клуб кој настапува во Лигата на шампиони?!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пишуваат за можноста Џејдон Санчо да потпише со Рома и Џанпјеро Гасперини конечно да добие засилување за крилната позиција.

Џејдон Санчо веројатно е најзвучното име кое во моментов нема клуб и може да потпише надвор од преодниот рок.

Но како што пренесуваат медиумите од Италија, Англичанецот може да добие примамлива понуда и настап во Лигата на шампиони.

Рома се уште го нема комплетирано составот, треба да се пополнат две позиции, а особено проблематична е крилната.

Па спортскиот директор Д’Амико разгледува опции да му ја исполни желбата на тренерот Џанпјеро Гасперини уште сега, наместо да се чека јануари.

Неговата идеја е да му понуди на Џејдон Санчо договор според кој неговата заработка би зависела од бројот на настапите, како и прикажаните игри.

Останува да се види дали оваа идеја може да вроди и до посериозни преговори, па и потпис. Рома и минатото лето пројавуваше интерес за Англичанецот, но на крајот двете страни не се договорија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×