Челси со 4-3 го победи Брајтон, на голот на сините дебитираше новото засилување, Емилијано Мартинез.
Тимот на Чаби Алонсо имаше фуриозен старт на мечот, по половина час игра веќе водеше со 3-0.
Лавија, Нето и Жоао Педро погодија за многу убедлива предноста во првата третина од мечот.
Во 35. минута Јалкоје постигна гол и намали на 3-1. Тоа беше резултат од првото полувреме.
Течеше 63. минута кога Жоао Педро си даде автогол и намали на 3-2, мечот стана интересен.
Во 74. минута Кол Палмер постигна прекрасен гол од далечина за водство на Челси од 4-2.
Конечните 4-3 ги постави Паскал Грос со гол во 96. минута од натпреварот.
Во овој термин се одиграа уште два меча, Сандерленд со 1-0 го совлада Фулам, а Лидс и Брентфорд одиграа 1-1.