Според пишувањата на Атлетик, Ливерпул понудил 50 милиони фунти (околу 60 милиони евра) за ангажман на Јанкуба Минте, но Брајтон го одбил предлогот.
Популарните „галеби“ се под опсада на гигантите во последните денови од преодниот рок.
Откако вчера Манчестер Јунајтед достави понуда од 65 милиони фунти за услугите на Карлос Балеба, денес на вратата тропна Ливерпул.
Како што објави Атлетик, „црвените“ на маса ставиле околу 50 милиони фунти за ангажман на Јанкуба Минте.
Брајтон го одбил овој предлог но преговорите продолжуваат помеѓу двата клуба.
22 годишниот Јанкуба Минте, кој во моментов е повреден и ќе паузира околу два месеци, е заинтересиран за преселба на „Енфилд“ доколку двата клуба постигнат договор за трансфер.
Јанкуба Минте се посочуваше како една од опциите на Ливерпул за наследник на Мо Салах, но падна во втор план откако „црвените“ се насочија кон Бредли Баркола од ПСЖ.
ФОТО: FB/Brighton & Hove Albion FC