Трабзон е гигант: Го качи на авион најголемиот фан на Салах и го доведе во Турција (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Трабзонспор направи прекрасен гест и му приреди незаборавно изненадување на младиот навивач Исак Кирни, кој доби можност повторно да се сретне со својот фудбалски идол.

Исак стана познат по огромната љубов кон Ливерпул и Мохамед Салах, а токму поради тоа англискиот клуб во минатото му овозможи неколку посебни моменти, меѓу кои и средби со египетската ѕвезда и други фудбалери на тимот.

Откако Салах летово го напушти Ливерпул и кариерата ја продолжи во Трабзонспор, Исак порача дека неговата поддршка за својот омилен фудбалер нема да престане.

Тоа стигна и до челниците на турскиот клуб, кои решија да направат нешто посебно. Тие организираа Исак и неговото семејство да допатуваат од Англија во Трабзон, а Салах воопшто не знаел дека неговиот млад навивач ќе пристигне.

Целиот момент беше претворен во изненадување. Клубот го сними патувањето на семејството, нивното пристигнување во Турција, а потоа и моментот кога Исак се појави во тренинг-центарот на Трабзонспор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×