Жорж Мендеш работи на спектакуларна трампа меѓу Милан и Манчестер Сити?!

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Спортмедиасет, агентот Жорж Мендеш предложил трампа помеѓу Милан и Манчестер Сити со која Рафаел Леао ќе се пресели на „Етихад“, а Рубен Диаш ќе пристигне на „Сан Сиро“.

Жорж Мендеш е главниот играч на „росоенрите“ на трансфер пазарот ова лето, агентот прво во донесе Гонсало Рамош во Милано во историски трансфер вреден околу 74 милиони евра, а потоа и Диего Мореира, кој стана второто најскапо засилување на Милан (се шпекулира за зделка вредна околу 65 милиони евра сосе бонуси).

Тој сега може да реализира уште една голема зделка, како што пренесува Спортмедиасет, Жорж Мендеш работи на трампа помеѓу Милан и Манчестер Сити.

Со оглед на тоа дека не се наоѓа клуб које подготвен да плати 50 милиони евра плус бонуси за Рафаел Леао, Жорж  Мендеш предлага напаѓачот да биде испратен на „Етихад“, плус да се доплати некоја сума, а за возврат, на „Сан Сиро“ да пристигне Рубен Диаш.

Милан ова лето веќе го засили дефанзивниот ред со Марио Хила од Лацио, но и понатаму е во потрага на уште едно име кое го разбира фудбалот на Рубен Аморим и може да се вклопи во тактичките замисли на тренерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×