Ново име во нападот на Струга, пристигна Нигериец од Кипар

by Стефан
0 минути читање

Поранешниот македонски шампион Струга, доведе ново засилување за актуелната сезона и тоа во нападот каде што пристигна Даниел Акинлосоту од Нигерија.

Акинлосоту во Струга доаѓа од кипарскиот Монмерексе, каде што настапуваше во претходниот период. Во кариерата има и искуство од Турција, каде што го носеше дресот на Аланијаспор.

Стружани имаат добар старт на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. По првите три кола освоија седум бода и моментално се наоѓаат на третата позиција на табелата.

Со ангажманот на Акинлосоту, Струга добива уште една опција во составот во продолжението од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×