122
Швеѓанецот, кој
во 2016 стави крај на репрезентативната кариера, со месеци најавува дека ќе се
врати од пензија за да настапи на мундијалот во Русија.
Златан
Ибрахимовиќ минатата недела на Твитер напиша дека шансите за настап на
Светското првенство се зголемуваат, а сега се чини дека ги расчисти сите
дилеми.
Фудбалерот
гостуваше во популарното шоу на Џими Кимил каде во свој стил порача: „Патувам за
Русија. Во моментов само ова можам да го кажам. Ако кажам нешто повеќе, луѓето
ќе сакаат да ме обесат, па мора да бидам внимателен“.
„Светско
првенство без мене не е Светско првенство”.