Ираола и Ливерпул имаат нова желба, засилување од 100 милиони за средниот ред

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека нова желба на Андони Ираола и Ливерпул е Адам Вортон од Кристал Палас, фудбалерот од средниот ред има цена од 100 милиони евра (околу 85 милиони фунти).

„Црвените“ работат напорно да го скројат тимот по мерак на новиот тренер и до овој момент пристигнаа две нови имиња, Виктор Муњоз од Осасуна и Роналд Араухо од Барселона, плус Жереми Жаке, кој беше договорен уште пред неколку месеци.

Ливерпул работи на уште неколку засилувања,  подолго време се водат преговори со ПСЖ за ангажман на Бредли Баркола.

Последните информации велат дека нова желба на Андони Ираола е Адам Вортон од Кристал Палас, младиот Англичанец се гледа како идеално засилување за следниот ред.

Но зделката воопшто не е едноставна, Кристал Палас постави цена од најмалку 100 милиони евра (околу 85 милиони фунти), а играчот исто така е и во бележникот на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×