Медиумите од Италија пренесуваат дека Рома има дил за ангажман на перспективниот Родриго Мора од Порто и Луис Енрике од Интер, двете зделки заедно „тежат“ 80 милиони евра.
„Волчицата“ со ист рецепт договори две засилувања, во Рим треба да пристигнат Родриго Мора од Порто и Луис Енрике од Интер.
Рома подолго време водеше преговори со Порто за перспективниот Родриго Мора и се бараше формула со која двата клуба ќе бидат задоволни.
Вчера се говореше за зделка со која Рома за 25 милиони евра ќе купи 50% од сопственоста на играчот, како и опција следното лето да ги откупат и преостанатите 50% за додатни 25 милиони евра.
Но на крајот двата клуба си подале рака за позајмица за која Рома ќе плати околу 7 милиони евра, плус опција за перманентен трансфер вредна околу 43 милиони евра.
Опцијата за откуп би можеле да стане задолжителна доколку бидат исполнети одредени услови, како пласман на Рома во Европа, но и бројот на натпревари што ќе ги одигра Мора.
Сличен е и договорот со Интер за Луис Енрике, Бразилецот ќе пристигне на позајмица во Рим, со опција за откуп, која би можеле да стане задолжителна доколку бидат исполнети одредени услови.
Се шпекулира дека вкупната вредност на оваа зделка е 30 милиони евра сосе бонуси.
ФОТО: X/FC Porto