Мохамед Салах го комплетираше трансферот во Трабзонспор откако стави потпис на двегодишен договор вреден 17 милиони евра по сезона, напаѓачот стана најплатениот фудбалер во Турција.
По девет фантастични години во Ливерпул, Мохамед Салах ова лето го напушти Енфилд и се реши за авантура во Турција.
Но наместо трансфер во некој од гигантите од Истанбул, напаѓачот се реши за преселба на северот од земјата, попладнево денеска стави потпис на двегодишен договор со Трабзонспор.
Финансиите очигледно играа улога зад изненадувачкиот избор, Мохамед Салах стана најплатениот фудбалер во Турција.
Трабзонспор откри дека Мохамед Салах ќе заработува 17 милиони евра по сезона, од оваа сума 10 милиони евра се фиксна годишна плата, а 7 милиони евра се бонус за потпис. Договорот предвидува и дополнителни бонуси поврзани со неговите настапи.
Покрај тоа, Мохамед Салах ќе има право на 20% од приходите од продажба на производи што го носат неговото име и лого во официјалните продавници на клубот.
Во договорот исто така е предвидена и исплата на провизија за агентот од 5% од бруто платата на египетската ѕвезда.
ФОТО: X/Trabzonspor