Првото „Дерби дела Мадонина“ во новата сезона заврши без победник (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Милан и Интер одиграа 1-1 на пријателскиот натпревар во Перт, Димарко донесе предност за „нероаѕурите“, а одговорот на „росонерите“ стигна преку Нкунку.

Првото „Дерби дела Мадонина“ во новата сезона заврши без победник, Милан и Интер одиграа 1-1 на контролниот натпревар во Перт.

Двата клуба имаа свои периоди на игра, Интер беше тој кој прв зададе удар и преку Димарко поведе со 0-1 на стартот од вториот дел.

Завршницата од мечот му припадна на Милан, Нкунку падна по еден дуело со Карлос Аугусто, судијата покажа на белата точка а Французинот не погреши од 11 метри за 1-1.

ФОТО: X/Inter

Можно е и ова да ти се допаѓа

×