„Спарси“ ова лето ќе трошат како никогаш претходно, и со 125 милиони фунти се обидуваат да ги донесат Савињо од Манчестер Сити и Николас Џексон од Челси.
Тотнем до овој момент инвестираа околу 240 милиони фунти, и го соборија сопствениот трансфер рекорд со ангажман на Сандро Тонали во зделка од 100 милиони евра.
Откако ја засилија одбраната и средниот ред, до крајот на месецот фокус ќе биде офанзивата.
Последните информации велат дека „спарси“ со 125 милиони фунти ќе тргнат по две имиња од Премиерлигата.
На маса ќе бидат ставени 60 милиони фунти за ангажман на Савињо од Манчестер Сити. Бразилецот веќе се има договорено со Тотнем, достави и официјално барање за трансфер до „граѓаните“ и ги известил за желбата да соработува со Роберто Де Зерби.
Во меѓувреме, клубот од Северен Лондон отворил преговори и со градскиот ривал Челси за ангажман на Николас Џексон.
„Сините“ се подготвени да го продадат напаѓачот доколку ја добијат бараната сума која е поставена на 65 милиони фунти.
ФОТО: X/Tottenham Hotspur