По двојната зделка вредна 50 милиони евра, Фулам сака и трет „бисер“ на Реал

by bojan
1 минути читање

Фулам мерка уште еден играч на Реал Мадрид, на радарот на клубот од Лондон е 18 годишниот Тијаго Питарч.

Фулам оваа недела ги финализираше преговорите со Реал Мадрид за ангажман на Гонзало Гарсија и Цесар Паласиос во зделка вредна околу 50 милиони евра за 70% од сопственоста на фудбалерите.

Но очигледно клубот од Лондон не го завршил „шопингот“ на „Бернабеу“, како што пренесува Марка, Фулам мерка уште еден играч на Реал.

Станува збор за 18 годишниот фудбалер од средниот ред, Тијаго Питарч кој сигурно ќе падне во втор план кај Жозе Мурињо.

Се очекува тој да остане во Кастиља тимот, па иако остави одличен впечаток во завршницата од минатата сезона, во моментов нема планови тој трајно да биде промовиран во првиот тим на „кралевите“.

Па токму на оваа карта игра Фулам, а и самиот Тијаго Питарч е заинтересиран повторно да соработува со Алваро Арбелоа, човекот кој му укажа доверба да покаже што умее во белиот дрес.

Во моментов преговорите не бележат голем прогрес, но лесно може да се случи Фулам да се засили со уште еден „бисер“ на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×