Фулам договори две засилувања од Реал за 50 милиони и му ги исполни желбите на Арбелоа

by bojan
1 минути читање

Голем број на извори пренесуваат дека Фулам за 50 милиони евра ќе ги купи Гонзало Гарсија и Цесар Паласио, „кралевите“ ќе задржат 30% од сопственоста на играчите, како и опција да ги вратат во своите редови.

Алваро Арбелоа по пристигнувањето во Фулам веднаш побара засилувања од Реал Мадрид, па клубот од „Кревин Котиџ“ сега му ги исполни желбите.

Гонзало Гарсија беше главна цел, и по долги преговори, двата клуба си подадоа рака за трансфер од 40 милиони евра.

И покрај тоа што Жозе Мурињо сакаше да го задржи напаѓачот како резерва на Килијан Мбапе, „кралевите“ веруваат дека овој потег е одличен и за развојот на фудбалерите, но и за клупската каса.

Исто така, Реал Мадрид ќе задржи 30% од сопственоста на Гонзало Гарсија, како и опција да го врати во сопствените редови, во форма на клаузула со која ќе можат да изедначат понуда.

Што се однесува за Цесар Паласио, и неговиот трансфер ќе се реализира под слични услови, но Фулам за неговите услуги ќе плати значително помалку, или околу 10 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×