Роналдо викендов се жени, меѓу повиканите на свадбата се тројца фудбалери на Реал Мадрид

by Стефан
1 минути читање

Според пишувањата на португалските медиуми, Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригез викендов ќе стапат во брак. Наводно, гламурозната свадбена церемонија е закажана за сабота, 1 август, на имотот „Кинта да Регалејра“ во Синтра, Португалија.

Иако славниот пар сè уште не ги потврдил ниту ги демантирал информациите за венчавката, јавноста веќе шпекулира за деталите. Извори блиски до двојката откриваат дека Георгина сакала прославата да не биде спектакуларен настан, туку интимна церемонија резервирана само за нивните најблиски.

Сепак, и покрај желбата за приватност, списокот на потенцијални гости најавува настан од светски размери. Според медиумите, покани добиле фудбалерите на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Родриго, иако Роналдо никогаш не ја делел соблекувалната со нив во „кралскиот клуб“. Засега не е познато дали на свадбата ќе присуствуваат и неговите актуелни соиграчи од Ал Наср.

Покрај фудбалските ѕвезди, на листата на гости наводно се наоѓаат и бројни светски познати имиња од светот на шоу-бизнисот и спортот, меѓу кои актерот Вин Дизел, новинарот Пирс Морган, музичките ѕвезди Ријана, Џенифер Лопез, Дрејк и Тревис Скот, ММА легендата Хабиб Нурмагомедов, поранешниот соиграч Рио Фердинанд, како и популарниот интернет-креатор Спид.

Љубовната приказна на португалската фудбалска ѕвезда и Георгина започна во 2016 година, по случајната средба во продавница на „Гучи“ во Мадрид, каде што таа работела како продавачка. По речиси една деценија заеднички живот, според најавите, конечно дошло време и за свадба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×