Клуб од петтиот ранг го доби еден од најмодерните стадиони во Италија! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Италијанскиот петтолигаш Таранто доби нов модерен стадион со капацитет од 20.000 гледачи, кој официјално беше пуштен во употреба. Се работи за стадионот „Еразмо Иаковоне“ кој беше целосно реновиран.

Станува збор за еден од најсовремените стадиони во Италија. Неговата изградба беше финансирана со средства обезбедени за организацијата на Медитеранските игри.

Новиот спортски објект ќе биде новиот дом на Таранто, иако клубот во моментов се натпреварува во петтиот ранг на италијанскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×