Македонскиот стратег, Југослав Тренчовски вели дека без размислување ја прифатил понудата на Олимпија, не ветува чуда, но порача дека неговиот тим ќе игра напаѓачки, брз и доминантен фудбал.
Југослав Тренчовски денеска беше промовиран како нов тренер на Олимпија Љубљана откако стави потпис на едногодишен договор со словенечкиот гигант, со можност соработката да биде продолжена за дополнителни 12 месеци.
„Ова е можеби најголемиот предизвик во мојата кариера. Огромна чест е да се биде тренер на најголемиот словенечки клуб. Кога Олимпија ќе ве повика, од Македонија би дошле и пеш. Свесен сум за квалитетот на овој тим и знам дека клубот секогаш мора да се бори за титули. Не ветувам чуда преку ноќ, но сакам мојот тим да игра напаѓачки, брз и доминантен фудбал и да постигнува многу голови“ – порача македонскиот стратег.
49 годишниот Југослав Тренчовски во Олимпија пристигнува по успешната сезона во Радомље, каде остави одличен впечаток.
ФОТО: X/NK Olimpija Ljubljana