Шокантен грабеж среде бел дел: Пет маскирани лица насилно извадија фудбалер од автомобил (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Белгиските медиуми објавија снимка и детали од шокантен грабеж врз фудбалерот на Унион Сен Жилоа, Мохамед Гадафи Фусеини, кој се случил сред бел ден.

Според информациите, репрезентативецот на Гана се наоѓал во својот автомобил кога до него дошла група од пет маскирани лица. Напаѓачите насилно го извлекле од возилото и се обиделе да му го одземат мобилниот телефон, по што следувала физичка пресметка.

Иако Фусеини се обидел да се одбрани, останал немоќен против петмината напаѓачи. Напаѓачите успеале да му го украдат луксузниот часовник, чија вредност се проценува меѓу 8.000 и 14.000 евра.

Додека четворица од разбојниците го држеле фудбалерот, петтиот го пребарувал неговиот автомобил во потрага по други вредни предмети.

И покрај трауматичниот настан, Фусеини веќе следниот ден им се приклучил на тренинзите на својот клуб. Од Унион Сен Жилоа информираа дека фудбалерот не се здобил со посериозни физички повреди, но потенцираа дека сè уште е под силен впечаток од немилиот инцидент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×