Шкендија сигурна на стартот на ПМФЛ, лесна победа над Скопје!

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкендија со сигурна победа од 3-0 против Скопје ја започна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Актуелниот шампион уште од самиот старт ја оправда фаворитската улога и без поголеми проблеми стигна до првите три бода на натпреварот одигран во тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Тетовчани доминираа од првата минута, создадоа неколку добри можности, а водството го обезбедија уште во 10. минута кога Фахд Нзенгуе најдобро се снајде по една одбиена топка и ја затресе мрежата на Кристијан Наумовски. И покрај неколкуте шанси до паузата, резултатот остана непроменет.

Во второто полувреме Шкендија ја потврди надмоќта. Фабрис Тамба во 66. минута ја удвои предноста, а само девет минути подоцна Рафа Силва со прецизен удар ги постави конечните 3-0.

Во завршницата домаќините добија пенал по ВАР-интервенција, но голманот Наумовски успеа да го одбрани ударот на Бесарт Ибраими и да спречи поубедлив пораз на Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×